Social media
Posted on април 7, 2011
Filed Under е-Бизнис, Интернет, Општо | Leave a Comment
Напраив пауза од 3 месеци со пишување на блогов. Благодарам на сите за реакциите кои ги добив. Инсистиравте – еве ме пак
Те има на интернет ? Си дел од глобалното вмрежување? Веруваш ли во моќта на директниот контакт?
Ги познаваш ли можностите на новиот тренд во денешната глобална маркетинг стратегија на секој бизнис?
Ги користиш ли потенцијалните на вмрежувањето?
Што се тоа social media ? …
Имам и многу други прашања кои се врзани со насловот на текстов. Можеби најважното, се плашиш ли од она што не го знаеш пред да го дознаеш и научиш ?
Денешниот бизнис пристап е многу поразличен од секој досегашен. Денешниот маркетинг е комплетно променет и насочен кон единката – потрошувачот во прво лице еднина. Сите пораки, информации, секојдневна комуникација е строго таргетирана на конкретниот интерес, потреба, пол, возраст, место на живеење, образование… Минато се пораките до „широки народни маси“ со големи буџети, големи и долгорочни медија планови, често без можност за прецизна повратна статистика за одзив, бенефит, мерливост…
Како да го освоиш твојот нов потрошувач ?
Како да го задрши твојот постоечки потрошувач?
Еден од начините да дојдеш до вистинскиот одговор и вистинската бизнис стратегија е social media.
Можни социјални мрежи за почетни чекори и стратешки развој на новите канали на промоција и комуникација:
Доволно за почеток. Потребен ти е совет и комплетен проект за максимален ефект од вложеното?
Контактирај ме (+389 78 246801). Го имам решението за твојот бизнис.
Направи трансфер на интернет. Заштеди, зголеми обрт, зголеми профит.
keep looking »