Брзи пари !? Што е тоа?

Posted on ноември 6, 2007
Filed Under Пари | Leave a Comment

Во последно време ме обременува оваа наша изрека-водилка. Нејзиното значење не можам да си го пронајдам. Пари што трчаат, што се бркаат, што доаѓаат и веднаш си одат…? Можете да ми помогнете?

Изрекава е light мотив за многумина. Но, не е македонска измишљотина. Сум ја чул и од други човеци на планетава по други држави.

Мене ми требаат брзи пари. Да ми дојдат, да ги дадам, и да ми се вратат дуплирани. ИВам ќе ви се најдат вакви нели! А кој не ги сака таквите пари!?

Некои ми велат – тоа биле пари кои доаѓаат штом почнеш да работиш (демек, ако има ќе има одма, ако нема џабе губиш време). Други пак велат, парите си доаѓаат сами по себе ако се поставиш одговорно и посветено кон работата што си ја работиш, запазувајќи ги сите планирани активности и рокови, пратејќи ја конкиренцијата околу себе, негувајќи ги своите клиенти, своето знаење, СВОЈАТА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ!

Треба да си расчистиме еднаш за секогаш со нашите глави: пари преку ноќ не доаѓаат! Но не доаѓаат и ако ги чекаш а не ги бараш! Старите рекле: џабе не седи, џабе не работи. Јас ќе ја промена во мој стил: со ум, посветеност, и одговорност, не седи и џабе не работи!

Денеска ми е роденден. Ете ми брзи пари! Благодарам на сите што ми го честитаа на разни начини Cool

Comments

Leave a Reply