Информираност, знаење, едукација, искуство
Posted on декември 9, 2007
Filed Under Општо | Leave a Comment
Преголем број на проблеми, отворени прашања, празни дијалози и преговори, паушални обвинувања и ставови, се резултат на сите три наведени категории на мозочната состојба на луѓето. Во недостаток на време нема секоја посебно да ја образложувам. Луѓето се подложни на влијанија, сосема нормално. Ако не би било така, тогаш нема да постојат многу воспоставени правила на игра и начини на живеење. Трагичното е што многу од нив не се ни обидуваат да проверат точност на информација, да се обидат на научат нешто и истото да го практикуваат. Уште помалку се трудат нечие знаење и искуство да го искористат за свои цели.
Многумина ми велат: моето знење, моите информации, моето искуство, се моја работа. Ако сакаш да ги имаш, плати ги. Да, се согласувам, и јас го велам истото. Но дали луѓето околу ваквиве знаат што можат да добијат од ваквите околу нив? Не, затоа што таквите многу ретко, а речиси никогаш не знаат да го продадат тоа што го знаат, па макар понудиле нешто за без пари, за да добијат пари.
Моќта е во споделувањето на она што го носиме со себе. Манипулацијата со нас е исклучиво негативност за поединецот, а не за заедницата. Колку побрзо се освестиме дека со правилна селекција на знаење и информации, а со тоа и со формирање на СОПСТВЕН СТАВ, можеме лесно да се движиме по сопствената зацртана патека. Тогаш полесно ќе биде за сите, за средината во која живееме.
Комшијата до мене му вели на вториот комшија од мојот спрат: Жаре, дај бе кажи како го правиш тоа, само покажи ми, а јас ќе си средам све што му треба. А Жаре му вели на Петко: знаеш комши, не ми е слатко за без пари; Нема да ти го покажам како треба пошто не сум навикнат така; Што сакаш ќе ти направам, а ти плати ми и научи како се прави за друг пат да знаеш како треба. Интересни комшии нели?


Leave a Reply