Вмрежување
Posted on јануари 26, 2008
Filed Under Пари | Leave a Comment
Пајакот си ја плете мрежата, за да може да си се обезбеди со храна. Што ќе падне во мрежата, добродошло. Можеби „жртвата“ ќе биде поголемка, а … Се случува и да има многу, а малецки „жртви“. И во двата случаи, ќе се најаде!
Не раскажувам македонска народна приказна. Networking е она што е тренд насекаде. Кај нас постои, но на наш начин. Колку да си знаете, networking по нашки правописно и литературно се нарекувало „вмрежување“. Да не згрешите во поимањето на англискиот збор.
Во нашиот бизнис амбиент, било каква форма на здружување е проблематична, поради разни фактори. Да заборавиме на политичкиот, иако тој досега изгради најголеми мрежи, или кругчиња, или ѕидови. Веројатно во нашиот карактер стои да сме презафатени со недоверба, злоба, завист, љубомора… Малкумина размислуваат за бизнис вмрежување, за на таков начин да додадат вредност на сопствениот бизнис, од било кој вид: квалитет, асортиман на производи и услуги, нов пазар, …
Мојот бизнис, Презент , е дел од YES инкубаторот од декември 2007. Таму се случува раѓање на мрежа, домашна, без странско влијание. Постои позитивна енергија и желба, но да не зборам ништо пред рака: да се случи, па ќе ви го пренесам позитивниот пример за раскажување.
Некои ова го велат кластерска понуда, некои конзорциум, некои партнерство, некои пак дилерство-дистрибутерство. Поентата е: сите се здружуваат со се што имаат за да оформат понуда на производи и услуги, за нова продажба, за постоечки или нов пазар. Се вмрежуваат, градат network, па си играат networking.
Вмрежувањето како тренд, особено на интернет просторот, е во огромен подем. Освен бизнис, многу распространето е social networking. За тоа во некоја следна прилика.
Leave a Reply