Димитровски Горан » 2008 » февруари

Archive for февруари, 2008

Објавено од Димитровски Горан на 25 фев 2008

Постои ли веб маркетинг во Македонија?

Долго време ја следам ситуацијата на ова поле. Се чудам на незнаењето, навиките, одбивноста на нешто што е тренд во светот.

Во Македонија овој пазар (рекламирање на веб) е во зародиш. Постојат фирми кои издвојуваат буџет за ваков вид на промоција. Но тоа се мал број, се губат во целата слика на македонскиот бизнис простор. Постојано се прашувам зошто нема веб маркетинг? [Прочитај го целиот став]

Објавено од Димитровски Горан на 07 фев 2008

Комуникација!

Имам впечаток дека се ни е така како што е само заради незнаење да комуницираме меѓу себе. Усмениот разговор е само еден од начините за комуникација, покрај писмениот, преку знаци, мимики итн. Од моето секојдневно искуство, повеќе од јасно ми станува дека ставот или ако сакате повеќе јавното искажување на сопственото мислење, е проблем.

Од една страна, повеќето се плашат да си кажат тоа што си го мислат, за да не испаднат глупави, „будали“, да не бидат предмет на исмејување од другите, или пак да не им биде замерено за кажаното, без разлика дали кажаното е резултат на анализа и факти, или пак ако истото е само блиц идеја и размисла во моментот на комуникацијата. [Прочитај го целиот став]