Комуникација!

Posted on февруари 7, 2008
Filed Under Општо | Leave a Comment

Имам впечаток дека се ни е така како што е само заради незнаење да комуницираме меѓу себе. Усмениот разговор е само еден од начините за комуникација, покрај писмениот, преку знаци, мимики итн. Од моето секојдневно искуство, повеќе од јасно ми станува дека ставот или ако сакате повеќе јавното искажување на сопственото мислење, е проблем.

Од една страна, повеќето се плашат да си кажат тоа што си го мислат, за да не испаднат глупави, „будали“, да не бидат предмет на исмејување од другите, или пак да не им биде замерено за кажаното, без разлика дали кажаното е резултат на анализа и факти, или пак ако истото е само блиц идеја и размисла во моментот на комуникацијата.

Од друга страна, речиси сите очекуваат дека другите околу нив треба да го кажат „одговорот“ на темата, избегнуваат први да го отпочнат комуницирањето.

Најчудно: многумина, да не речам секој, си носи заклучоци врз база на претпоставки, без појдовните точки на размислување при оформувањето на ставот да се резултат на комуникација, поточно анализа, процес на разумно расудување базирано на претходен склоп на знаење, искуство итн.

Она што ми се случи деновиве: без разлика на квалитетот на комуникацијата, другата страна си заклучува и си превзема активности кои резултираат со взаемна загуба. На моето неколкдневно барање за разговор, и поставување на маса на причините за таквата одлука на другата страна, добивам молк. Да, и тоа е начин на комуникација. Претпоставувам дека се работи за игноранција. Но, неодговорот најчесто се подведува под позитивен одговор односно прифаќање на „наложениот“ став на другата страна во комуникацијата. Единствено, од сегашниот премиер на Македонија, своевремено слушнав дека под молк не подразбира позитивен, туку напротив, негативен став за наложената тема на комуникација.

Само преку комуникација се доаѓа до вистинската информација! Некомуницирањето доведува до изолираност, затвореност, страв, немоќ. „Ко пита тај не скита“, си велеа некои од времето. Без разлика на квалитетот, секој став е став. Ако не го знаеме, не можеме да го оцениме и процениме. Немоќта на човекот е во незнаењето како од секоја ситуација да го извади позитивното за себе. Се согласувате дека еден од начините е комуникацијата со средината околу себе?

Comments

Leave a Reply