Знаење или квалитет? Синоним или случајна средба?

Posted on август 2, 2008
Filed Under Квалитет, Менаџмент, Општо | Leave a Comment

Се разликуваат ли ? Може ли човек да има знаење а да нема квалитет ? Дали квалитетот во основа содржи знаење?

Конфузијата наречена „не постои систем на вредности“ во нашето секојдневие е многу интересен феномен. Се научивме да си велиме дека знаеме се! Ама се! Колкумина ви рекле дека нешто не знаат да го направат? Ќе ги изброите на прсти сигурно! Дали е тоа квалитет? Или нема знаење? Или нема систем на знаење кој ќе гарантира квалитет? Ова последново ми е најлогично.

Потрошив неколку години во обидите да се воспостави систем на работа во некои од фирмите каде работев досега, кој ќе гарантира квалитет. Не зборам за стандарди на работа или било што слично. Туку, систем кој ќе гарантира дека сите што учествуваат во него на правилен начин го работат своето, а со тоа се создава целина која гарантира раст, развој, корпоративно знаење итн. Во некои од фирмите беше толку потребно, за што не беа свесни сите учесници освен лидери (кои веројатно немаа доволно авторитет за да ја наметнат свеста!), што денеска резултира со уназадување на бизнисот, паѓање на сите вредности во и надвор од фирмата итн. Јас го гледам проблемот не во работниците, туку во лидерите.

И не е така само за фирмите. Во некој од последните мои постови пишував за лидерите. Воопшто, насекаде во нашата земја. Постојат ли луѓе кои имаат квалитет да воспостават систем на квалитет (или подобро вредност) за да може човек да стави две точки од различно време и да рече: вака беше порано, а сега еве како е, колку е подобро, поквалитетно, повредно? Се тнразитираме 17 години. И повеќе? Да, постојано се менуваме, и ќе се менуваме. Не дај боже да не се менуваме (по старо се реформираме а по „најново“ би требало – се префрламе на нов колосек (оној што води не кон Европа и НАТО, туку кон макар средно развиениот свет). Транзицијата НИКОГАШ нема да престане. Се додека има напредок во човештвото, додека луѓето имаат проблеми а претприемачите во нив гледаат бизнис шанса, секогаш ќе има транзиција. Но, промена без систем заради унапредување на квалитетот… Тоа е транзиција назад, а не напред.

СИСТЕМ НА ЗНАЕЊЕ = КВАЛИТЕТ.

Во следните мои постови ќе користам преземени содржини од разни извори за да овие мали мои ставови ги поткрепам и со размисли на други личности кои значат нешто во својата област, СЕ КВАЛИТЕТНИ!

Познавате квалитетни луѓе околу себе? Кои се тие? Како ги оценивте за да ги наречете квалитетни? Според некој критериум? Критериум?

Критериумите прават систем, системот квалитет, квалитетот вредност. Грешам?

Comments

Leave a Reply




business catalogue Sydney Tours