Објавено од Димитровски Горан на 19 авг 2008 at 11:26 pm
Инвеститори! Бизнис ангели! Поддршка за start-up бизниси?
Поседувам бизнис, ПРЕЗЕНТ КОМ МК, кој е произлезен од натпревар на бизнис планови при BSC, а од декември е „инкубиран“ во YES. Изминува цела година од активната работа на овој пазар. Во западната терминологија, истиот е start-up бизнис. Почнат е со намера да изгради сопствена мрежа и да се вмрежи во постоечки мрежи, со цел забрзан раст, освојување на странски пазари во регионот итн. Имав претпоставки и големи очекувања дека овие две институции, кои заедно со битолскиот BSC, се единствените институции кои поддржуваат ваков тип на фирми произлезени од, во светот стандарден, процес на изработка на бизнис план, негово бранење пред комисија, и сосема за крај негова практична реализација. И веројатно ќе беше поинаку да …
Не, нема да критикувам, анализирам, оценувам какви се овие институции. Едноставно, нивната поддршка беше и е извонредна. Единствено што не сум задоволен, е што моите големи очекувања дека токму тие институции ќе успеат да ја оттргнат новата фирма од стандардниот македонски начин на егзистенција, развој, раст итн. Не успеваат! Да, даваат разновидна поддршка. Но малку работат на промоција на концепт на вмрежување на фирмите со други фирми, презентација пред странски институции за инвестиции и слично. Да, добиваме информации за разни можности од ваков вид, но останува самите ние, таквите start-ups, да избереме што и каде. Да, тоа е бизнисот - не може друг да ти го води, тоа е твоја ствар! Но, ако истите тие институции се дел од меѓународен проект каде се финансиери странски институции, за очекување е дека тие ќе ги водат овие бизниси кон она што е потребно, нели? Или грешам? Веројатно да. Дали?
Да, во Македонија не постојат вакви институции за да се земе искуството од минатото, па да се надоградат и дадат подобра поддршка. Но, тоа е само изговор и ништо друго.
Сакаме инвеститори! Кој ќе ни ги најде? Замислете, Владата требала тоа да го прави! А каде се бизнис здруженијата, коморите, асоцијациите, инкубаториве…? Што треба тие да прават? Тренинзи, обуки, пласман на странски пари, скенинг на бизнис амбиент? Не не, грешам. Самите фирми треба да си најдат инвеститори. Бујрум 100.000 фирми, контактирајте со белиот свет преку интернет, и најдете барем 1 инвеститор. Но не сите 100.000 фирми. Барем една! Ако се сите 100.000, многу инвеститори ќе ни дојдат. Не ќе можеме да го сопреме бизнисот.
Постојат и бизнис ангели во светов! Ќе си најдете некој, ќе ви даде парички, ќе ви земе од сопственоста, ќе ги оплоди парите, и ќе го исплатите или ќе си го продаде својот удел. Бизнисот ќе си го развиете, парите нема да ви бидат проблем. Бизнис ангели не се банките! Да не мешаме работи. Евентуално, некои странски фондови, како СЕАФ на пример и ќерките фондови на нив, можат да влезат во оваа категорија, иако сепак многу се разликуваат.
Сосема за крај, која е поддршката за новите фирми!? Тие ги викаат start-ups.
Поволни кредити? - не.
Мали даноци? - не.
Стимулации од државата? - не.
Полит**** донација? - Хм, ај не.
Па тогаш која е поддршката? Ако не ги буткаме новите бизниси, нема да ги има. А ако ги нема, нема развој на ова општество. Нели, микро и малите фирми, ајде и средните, ја движат економијата (ем во светот ем кај нас)? Епа, како да се развијат?
Ми велат, бизнисот морал да биде иновативен за да брзо се развие, биде конкурентен и не знам ти што уште. Во Македонија таа филозофија? Фирма во Македонија ќе биде иновативна? И уште за македонскиов пазар? Не потценувам! Но овој пазар нема капацитет за иновации, ниту ќе има во скоро време. Се потпишаат спогодби за билатерлани соработки заради ниските даноци, царини итн. Дали е тоа решението? Не сум слушнал пример дека нова фирма за 1 година го зголемила својот број на вработени, освоила странски пазар. Освен, ако истата не е формирама од странска фирма, мрежа на фирми за да биде дел од кругот.
Имате намера да основате фирма? Јас го направив тој чекор. И не сум пишман. Не ми е прва. Но ме увери дека 100% од пазарот е надвор од македонските граници. Барем за видот на бизнисот за кој е основана со мојот партнер. Грешам?! Дај боже! Кој ќе преживее ќе зборува!
Повратен URI | RSS на коментари