ОПШТ СПЕЦИЈАЛИСТ, пардон ЕКСПЕРТ
Posted on август 11, 2008
Filed Under Општо | 3 Comments
Се воздржувам да анализирам и оценувам луѓе, особено во разговор со луѓе. Се обидувам да го задржам тоа мое размислување лично за мене. Но, морам вака јавно да ја искажам мојата воодушевеност од неверојатната специјалност пардон стручност, не не…, експертиза на огромен број граѓани на Македонија, соработници, пријатели, роднини… Едноставно не можам да се изначудам. Чудејќи се си измислив „звање“: ОПШТ СПЕЦИЈАЛИСТ, а може да си го користиме и како ОПШТ ЕКСПЕРТ.Сигурен сум дека во ова сме оригинални. Да, тоа е тренд насекаде, сум начул, ми кажале. Не не одбегнува глобализацијата. Но не можам да се изначувам како секој од нас е специјалист за се! Сите знаеме се, сите можеме се да работиме, сите во се се разбираме. Дипломирани економисти прават проекти за ИТ инфраструктура на бизниси, дипломирани машинци програмираат веб софтвер, трговци со автоделови и друг вид трговска стока основаат и менаџираат со електронски медиуми, дипломирани електроинженери се шефови на маркети за продажба на храна и пијалоци, дипломирани фармацевти продаваат матични клетки, стоматолози поправаат заби и основаат радија (а потоа ги пљачкаат бидејќи ке си видат дека утнале работа) итн. Не за џабе има устручување! Во изминативе години образованието си го менуваме како ќе ни текне, од средно стручно до општо гимназиско. Факултетите имаат милион насоки кои генерираат специјализиран кадар. Колку е тој квалитетен е друго прашање за друга анализа.
Да не ја спомнувам политиката и кој се е функционер, дали во влада, во министерства итн.
Да, невозможно е комплетна специјализација во Македонија. Се убедив самиот себеси во годиниве наназад. Што од тоа ако сум дипломиран индустриски инженер и менаџер, со специјалација за проектен менаџмент (тимска и групна работа) ? Можам да се наречам специјалист, пардон експерт? Да, и што од тоа? Во Македонија, ништо. За да се етаблираш како специјалист за нешто во нашава земја, очигледно е дека треба да бидеш дел од следни форми на егзистенција:
- политичка партија
- државна институција
- странска фондација
- странска невладина организација
- странска фирма – инвеститор во Македонија
Ако си дел од ваков вид инстутиција, тогаш постои голема можност да не те ангажираат за се и сешто, туку само за она што си стручен, образован, она што ти сакаш да го работиш, во она што ти сакаш да биде специјалист. Преку секојдневната работа во ваквите институции ќе можеш да контактираш со светот надвор од овие 350 квадратни километри, па така ќе можеш да се потврдиш себе си и твоето знаење. Е тогаш, кога тие надвор ќе дознаат за тебе, како експерт, стручњак, тогаш можеш да го осетиш чувството. Тогаш лесно и нашиве ќе те прифатат како таков – стручњак или експерт. Стручњак: стручен човек. Експерт: потврден стручњак со свое творештво и степен на образованост (магистратури, докторати, итн.). Верувам дека не грешам во разликувањето.
Не гледам шанса да си дел од македонска фирма, а да си специјалист. Секоја чест на исклучоците, но колку се тие од севкупниот гоблен? 5%? 10%? Грешам?! Дај боже! Ако ти така мислиш, разубеди ме со факти и реални примери.Во македонска фирма, во македонски бизнис амбиент си ОПШТ СПЕЦИЈАЛИСТ, пардон ОПШТ ЕКСПЕРТ. Не дај боже да не знаеш да заковаш шајка! Тоа ќе биде погубно за тебе и твојата кариера! Едноставно, нема напред! Не знаеш, надвор! Сакаш да знаеш, е тогаш вози Мишко! Ќе те биде гарант! Во најмала рака, на секоја задача кажувај: ДОБРО, ќе направам. А после влегувај во трипер комбинации, учење, читање, грешење,… не за друго, за да не одбиеш работа. Бидејќи, ако одбиеш, лесно е: има други 400.000 невработени што чекаат за работа во завод. Гарант стручњаци и експерти како и сите останати.
Но зошто еден куп високостручен кадар, потенцијални специјалист и експерти, од еден куп факултети? (куп бидејќи малку ни е државниот, па сега и приватни си отвараме – не потценувам само не сфаќам која е потребата од толкав број високостручни кадри за македонскиот бизнис!) Ми велат, лошо било времево, не може човек без факултет, на улица ќе останел. Страшно! Барем во Скопје гледам еден куп мали ромчиња, кои без основно остануваат на улица. Треба да ставиме знак еднакво меѓу ваквите останувања на улица?
Не, не очекувам дека нешто ќе биде поинаку. Но имав потреба да го запишам ова мое размислување и мој став. Да не ми кидне од разумот на неразумното.
Човекот се прилагодува на средината во која живее. Па од мајмунчиња, сме станале човечиња. А јас налетав на една фотографија, која ми дава уште поголема вистина за нашата еволуција:
Comments
3 Responses to “ОПШТ СПЕЦИЈАЛИСТ, пардон ЕКСПЕРТ”
Leave a Reply

Добар текст.
Стручњак: стручен човек. Експерт: потврден стручњак со свое творештво и степен на образованост (магистратури, докторати, итн.). Верувам дека не грешам во разликувањето.
Првпат го читам она што во светот одамна се знае, а кај нас мислам дека е резултат на олпштото глупирање со и во јазикот- пардон англиканизирањето (главно): дека не е исто стручњак и експерт. Воопшто не грешиш во разликувањето.
Згреши Ивона Талевска од Сител (едно време мошне „перспективна ексклузивна“ новинарка, а сега…) која во еден ТВ дневник својот млад спортски новинар, инаку потпросечен регистратор на спортски настани, го најави како „експерт за спорт“. И за чудо, тогаш остана и сега, веројатно и „у будуче“ ќе остане жива и здрава (или обратно)…мислам како „водечки“ информатичко- политички водител (или новинар?).
А за сликата си направил „техниучка грешка“ во редоследот: нашите „стручњаци- екпсерти“ односно „општи специјалисти“ еволуираат обратно!
Хе хе хе… Јас не знам што Ивона кажала на Сите. Впрочем сите новинари си кажуваат се и сешто, па во последно време многу и не ги следам. Не дека не ме интересира, но увидов дека стандардното клише на пренесување на информација, па дури и со ист вокабулар, небаре пишуваат по скрипта, не е тоа што мене ми треба. Медиумите се посебна приказна сама за себе. Бев дел од тој бизнис цели 10 години и знам многу.
Кога веќе се зачнаа медиумите, ете вчера видов нови стручњаци, пардон експерти. Околу цените на МРД за предавателните столбови. Им биле скапи! Едни експерти велат нема промена никаква, а други велат ова значи клуч на врата за медиумите. НО, каде е експертизата?! Кој е тука експерт!? Очигледно никој. Поточно, ќе дојде некое странче и ќе пресече. Бидејќи ние не знаеме како!