Објавено од Димитровски Горан на 05 сеп 2008 at 10:52 am
Интернет = бизнис ! Дали?
Да. Не постои друг одговор освен да. Во Македонија тоа и не се гледа сеуште така, барем не во голем број. Сеуште на Интернет се гледа како на забава, како нешто што младите (?!) го прават, си играат таму нешто. Но што е тоа што јас го гледам дека се менува? Многу кратко:
Вчера слушам на медиумите, по вестите на нашиве телевизии, информација за деца од Штип кои гледале нешто на YouTube, порно филмови, па пробувале истото да го прават (и го направиле!?) во дворот на нивното училиште. Аха! Ете, катастрофа. Тоа е интернет!
Пред извесно време слушам на улица, мајка и ќерка (50-тина / 20-тина години), вели: е од кај јас да знам дека треба Shut Down да направам, ми се развика тој систем инженерот, ко божем убиство се случило.
Госпоѓа меѓу 55-60 години, вели: ни донесоа компјутери на работа, имавме обука, и сега секое сабајле со кафето си ги читам сите дневни весници на Internet Explorer, после Он.нет и други…
Во сите овие примери има бизнис. А сите се врзани со Интернет. Во денешно време, информацијата се пренесува исклучиво преку Интернет. Другите видови на размена на информации (читај комуникација) полека се напуштаат. Нема ништо да се случи преку ноќ, но трендот е познат. Пред извесно време имаше: компјутери и интернет. Сега, тоа е интегрирано. Компјутерот без интернет е ништо. Во најмала рака, интранет.
А зошто не е бизнис кај нас? Па дефинитивно, многу малку од бизнисот е врзан со интернет. Ретки се фирмите што своето работење го темелат на софтвер кој покрај тоа што работи на внатрешната мрежа во фирмата, е врзан со други канцеларии или соработници преку Интернет, преку било каква веб апликација. Трговијата преку интернет сеуште не е во функција. Платниот промет на физичките и правните лица сеуште не е омасовен како алатка или навика во секојдневната работа. Од друга страна, фирмите немаат „повод“ да имаат веб страници со најнови информации за нив, од едноставна причина што понекогаш ниту еднаш не добиле контакт преку неа. (да, можеби не им е направена како треба за да испровоцира контакт, но тоа е друга дискусија)
Некои ми велат: па нема кадар. Како сакаш да биде влезена ваквата промена како секојдневна потреба, кога нема луѓе кои тоа ќе го направат. АЈДЕ ДЕ! Никогаш не сум се сложил и нема да сложам со таа констатација. Кадарни луѓе има. Оние кои програмираат, дизајнираат, — ги знаат техничките операции и системи — такви има. Што нема? Менаџери кои тоа ќе го имплементираат. Луѓе кои знаат дека е тоа е неопходно за нивниот бизнис.
До пред извесно време, важеше правилото: генерален менаџер (читај директор на фирмата) = газдата (добро де сопственикот на фирмата). Бидејќи тој беше „бог и батина“, се друго што се нарекуваше менаџер, раководител, координатор, беше обичен потрчко кој работи како тастер: што треба, тоа правам. Затоа и не беше возможно таквите раководни структури да воведуваат нешто ново, особено не некое ИТ решение. А бидејќи газдата знае што е најдобро, тој и треба да разбере дека е потребно, бидејќи тој дава пари (демек од својот џеб, а не од фирмата!). А бидејќи тој ништо не разбира, ондак во основа било каква таква понуда за воведување на Интернет во неговиот бизнис директно оди во втор, ма каки, во десетти план.
Се менуваат нештата, но премногу споро за да бидеме во чекор со развиените. Не таму далечните, тука блиските. Од регионов. Не претркаа неверојатно брзо за многу ствари. А се жалиме немало инвестиции, ова она.
Секој систем во денешно време содржи во себе ИТ решение, најчесто врзано со Интернет. Затоа што Интернет = Бизнис. Не трошок, туку инвестиција која за кратко време прави голема добивка во фирмата. Како? Прашајте ме, викнете ме, да поразговараме и да ви посочам решение. Јас, и моите колеги од мојата фирма Презент.
3 Одговори to “Интернет = бизнис ! Дали?”
Повратен URI | RSS на коментари


Ljupco on 05 сеп 2008 at 11:30 am #
А бе, баткиве од бизнисот (ко ќе ми се испрчат пред очи мислам дека дошле од Небиднина или Тунгузија, мислам со тоа мевојте, па со окаљки, па пури во устите, за оделата а ла Версаче и ципеле а ла Плесаче не правам муабет) не знаат што е компјутер, а камо ли Интернет, па уште и ИТ бизнис. Ма ајде, моља ти се. Бизнис преку Интернет? А кај се прави то у ова наше дежело и колико ке да кошта? А ке ми се врати мало више од што дам?
Батка, прав си, ама не си дека је почело. Ма каки (каки и оваа Влада ко што се усера претходната со тоа проектот на Макрадули-ти текиња на промоцијата на чело со „Државникот“?). Почеќе кога овие Хрвативе што почнаа да ни доаѓаат (за нив знам, за другите послабо), не Грчиштава (тие па ептен везе немаат-доказ кога дозволија нашиве хакери да им влезат и да им убутаат тоа сонцето на Александар- дупе се за Интернет) ќе почнат ко што си знаат таму. Сигурно знаеш, растураат со Интернет- бизнис!
Димитровски Горан on 05 сеп 2008 at 11:36 am #
Знаат што е! Тоа сум сигурен. Заради тоа што гледаат други што прават (пред се од странство), па после копираат кај нас.
Но друга е причината, зошто не мрдаат: најдобро е да останеш во позиција во која си. Ако тие фино лепо си заработуваат парица, и им е убаво, зошто би се менувале?
Не важи правилото за менување како што е надвор од земјава: менувај се за да бидеш најдобар и да заработуваш најмногу. Кај нас се менуваат кога ќе им дојде зорт! А тоа за нашиов амбиент е погубно. Бидејќи зортот ќе дојде со странските фирми, кои ќе си дојдат со свој систем, и ќе почнат да функционираат како спејс шатл. А нашиве додека се прешалтаат, ќе изгубат многу време. Ај тоа, него и многу пари, а многу и ќе затворат.
Сисугрен сум дека не грешам. Можеби и затоа странските инвестиции „не влегуваат на лесна врата“. Бидејќи ако влезат, со концепт сличен на овој што го наведов, ќе покопаат многу постоечки ГОЛЕМИ бизниси.
Ljupco on 05 сеп 2008 at 11:49 am #
Така, ама ај нека се јави некој од батките со мевојте, па да ни каже зошто нема барем банер на некој web (кој било)? Кого да прозвеме? Може од олигарсиве, на пример Минчо или Штерјо? Или полит- бизнисмените? (Оние де, бившите и сегашните „10%“- да не бринеш, тие се поголеми бизнисмени од оние што ги направија преку ноќ- нема кој нема свое макар фирмиче или појќе да не мојш да ги изброиш.) А ако некој има, да го прашаме како избрал, кој му рекол да стави токму таму? Поради посетеност? Малку морген! Поради квалитет, содржини? Ма ајде, кој гледа (чита) тоа? „Пријателски“?Е тоа…
Ама ај да им оставиме на други да кажат нешто. Ова ги засега сите што тртљаат нешто на Интернет, оние што прават блогови, портали.
Само да доречам (од претходното): Нашиве полит- бизнисмени нека ги прашаат (ако не знаат или ако немаат време да прочитаат) колку во Хрватска се свртени пари преку Интернет бизнисот само во минатата година. Не сум запнал за Хрватска, ама така ми дојде пошто тие со Словенија ни стануваат најстрански инвеститори.