Објавено од Димитровски Горан на 09 ное 2008 at 02:02 am
Кредит >< Заработка : Задоволство !
Затаив со блогов. Се истрошив со пишување? Ха! Се воздржувам да не почнам, да не се претворам во новинар=портал.
Насловов не кажува ништо. Затоа и е таков. И постов можеби ќе ти изгледа таков.
Слушам на сите страни, луѓево почнале да се интересираат колку заработуваат! Колку заработувам, колку зработувал тој, оној, овој… Но, не сум знаел дека месечниот приход, читај личен доход (плата), … дека тој се викал заработка. Неверојатно задоволство.
Сеуште многумина не се на чисто што е тоа заработка. Јас вака си фаќам у клупче:
- се трошиш секој ден, работиш 20-тина дена во месецот - за возврат добиваш пари
- парите ги трошиш за се и сешто, и ако имаш к’смет ќе ти остане нешто
- тоа што ќе ти остане ти е ќар
- ќарот ти е заработка
Колку заработуваш? 300 €! Оооо, па тоа е одлична заработка. Покриваш трошоци за се и сешто: јадење, пиење, спиење, секс, журки, патувања, летувања, зимувања, кредити, инвестиција за куќа, стан, кола, куче, вила… — Згрешив некаде. Не, сето тоа од заработката! АХА, ај важи!
Заработката како збор веројатно е произлезен од работата: за работата што ја работиш заработуваш. Не сум јазичар, но логично излегува така. Дали заработката е задоволство? Тоа многу малку се чувствува. Пред извесно време бев во Загреб, и видов што значи задоволство од заработувачка. Дечки (21,22,23…) со part-time ЗАРАБОТУВААТ 2-3-4.000 €, си купуваат што ќе посакаат … ДА! Заработуваат. Е тоа е ќар. Не размислуваш за тоа колку ќе те чини седенката со твоите пријатели во кафана, дали некој нешто два пати ќе ти куца во супермаркет, или пак дали сокот во трафика која работи цела ноќ е 2 пати поскап од оној во супермаркет…
Зошто кредит? За да заработиш. И да ги имаш, глупаво е да ги фрлиш сите пари на инвестиција која треба да донесе ќар. Затоа кредит! Но умно! Направи си анализа што со парите, и како ќе ги свртиш. Ако ја имаш правата комбинација, тогаш си добил на лото. Си добил заработка. Каде е ќарот? Во разликата: колкав проблем ти направил кредитот; дали си во була или позитива… Има уште еден ќар: побогат си со искуство, се здобиваш со позитивна кредитна историја, која во иднина ќе ти биде судбоносен фактор во твоите намери да направиш сопствено царство.
И што сакав да кажам ја у ствари. Батали плата! Тоа не е заработувачката што ти треба. Заслужуваш многу повеќе од мизерната сума што ја добиваш од твојот господар на почеток од следниот месец. Твојата вредност е твојата заработка. Си ја носиш со себе каде и да си. Луѓето ја препознаваат без да се топориш и фалиш со неа, бидејќи ТИ си само ЕДЕН. НИКОЈ не е како ТИ. Тоа е вистинското БОГАТСТВО. Со кредит или без него, СЕЕДНО!
Повратен URI | RSS на коментари

