Поддршка :-) Или размена на интереси ;-)
Posted on декември 16, 2008
Filed Under Општо | Leave a Comment
Се распишав денеска. Не дека одеднаш ги пишав последниве 3 мои ставови. Стоеја долго време во drafts.
Без намера да наведам конкретни личности и институции, ќе опишам една ситуација, која јас сеуште не знам како да си ја дефинирам. Затоа и насловот е таков каков е.
Човек си мисли дека видел многу. И токму кога ќе си помисли дека и тоа го видел, излегува дека е тотално различно од досега виденото.
Не можам да си одговорам што е тоа поддршка, помош, спонзорирање, донација,… или некој друг поим синоним на сите наведени. Позната ми е различната дефинираност за различни индустрии, но никако не можам да разберам што е тоа кога некој ќе ти рече „Оди ти напред, а ќе најдеме начин да ти помогнеме“; Ти тргнуваш, одиш, и одеднаш човеков што ти го кажал тоа ти вели: „Еј, знаеш, не си само ти, има и други. Имам еден предлог, а ти размисли“.
Знаци од помош, поддршка, … сега се роди уште една аналогија: предлог. А тој да ми ти бил: авансно плаќање за услуга. Нешто што никаде во Македонија не се сретнувало.
На прв поглед добра ствар. Ништо не работиш, а демек си работел, односно ќе сработиш. Ти помагаат со аванс, а за возврат ќе се фалат со тебе, ќе им бидеш еден од добрите резултати на нивниот бизнис, а Ти ќе си бидеш задоволниот помогнат. Помош=аванс – и тоа може да е синоним.
Каде се видело и чуло, цената за твојот труд, платена однапред, по многу пониска цена од реалната, да биде помош. Уште повеќе, кога таа помош, според муабетот што си го имаш те врзува на 15-16 месечна работа (да, 1 производ во 1 месец). Или читај, 15-16 производи ќе ти ги „купат“ однапред, и со тоа ќе ти помогнат во твоите намери и потреби. А за тоа време, ќе бидеш движечка реклама и успешна приказна за давачот на помошта.
Оваа приказна е реалност. Не ја кажувам за да исмејувам некого (личност или институција) туку да споделам случка која можеби јас со мојот резон и изграден систем на критериуми и вредности, не ја разбирам, па да ми помогнете де… Ако Ти го читаш ова и се препознаеш себе си, веднаш ти се извинувам. Но верувај, не ми е намерата да Те исмејам ниту да си нарушиме постоечки односи. Напротив, сеуште барам логика во случката.
Сето ова се подведува под една ствар која секогаш постои насекаде: размена на интереси. Без разлика дали интересот е пари, жени, алкохол, коли или слично… Но далеку од тоа дека се работи за фер размена, без страни кои се потценети, помалку важни, а далеку од тоа дека се обезважени.
Јас поддршка која генерира обезвреднување не прифаќам. Бизнис релација во која може да се најдеме заради првични лични или други интереси, секако да. Па макар истата ги скине сите квалитети кои лично ги поседувам.
Уште ова, и нема да везам повеќе:
Вчера добив интересна email порака од претходен клиент на мојот бизнис. Човекот го знаат многумина, и по добро и по лошо. Медиумска личност, човек од естрадата. Мислев да ја наведам тука, но подобро да ја прераскажам. Водев со него војна 1 година за правење на производ од заеднички корист, давав поддршка во се, авансно 100%: во пари, во време, во труд, во знаење, во едукација… Ја скинавме затоа што човекот е преубеден дека како него нема никој друг, неговите 40 години работно искуство биле многу повеќе од моите 15…итн. , а пред се затоа што нема поим од дисциплина, концепт, рок, комплетна реализација на производ кој носи профит.
Е тој чоек кој доби поддршка од мене, а не уцена, вели: те молам, во заеднички интерес, тргни го производот секаде каде си го ставил, за да се создавало проблеми околу „просторната идентификација“, особено затоа што ниту ти ниту јас имаме ќар од тоа.
Е ова се зборови на човек кој бара поддршка, ја добива, ја користи, ужива во придобивките и ја фрла во вода. Не дека не му прави ќар, туку затоа што не ја цени, не знае што е, а можеби и очекува секој да му ја дава која ќе ја посака.
Ако добиеш поддршка, ондак возвраќај со било што. Но не дозволувај да даваш или да земаш, а да уценуваш. Кога тогаш ќе го осетиш на сопствена кожа како е, па ќе ти текне можеби на напишаново.


Leave a Reply