VISA, No thanks!
Posted on декември 10, 2008
Filed Under Општо | Leave a Comment
Не се замарам со политика во последно време. Во проблемов со визи на нашава земја нема само политика. Но, во насока на поддршка на „раширената“ online размена на фотка на оваа тема, ги пренесувам без пардон и размисла дал вредат или не:

Албум на Facebook: клик тука.
Накратко што е мојот став околу ова: без визи или со визи, исто ни се фаќа. Да, ќе се отворат границите и веднаш ќе ни е отвори умот, ќе почнеме да шетаме на сите страни, бизнисот ќе цвета… Едноставно ќе ни биде супер, европски демек! Каква заблуда! Зошто? Едноставно: стандардот ни е труба; просек плата 200-250 €; презадолженост со кредити во банка… Но тоа е просек! Забораваме колкумина се под 200€. И сега, сите ние што ќе сакаме да шетаме, и нормално нема да имаме визи, ЌЕ ШЕТАМЕ. Со што? Со кредит? Еве јас прво сакам да одам во Рим. За да се прошетам „безгрижно“ ќе ми требаат цирка 1000 € по човек. Со просечната ми плата? Ај важи! Не, ќе ми речете „земи кредит па ќе враќаш“. И ќе враќам, но враќајки се туршија ќе се направам со 20 % камата на 1000 €. Ќе прокоцкам еден авионски билет кој цирка кошта 200 €. И сето тоа за прошетка! Бизнис од 1 недела шетање не биѓава.
ЈАС СУМ ЗА! Без визи! Доста е! Не сме човекојадци или простаци, па да не можеме да прошетаме по земјинава топка без да се гушиме во трошоци за виза, чекање пред амбасади, па термини закажани однпаред 3-6 месеци. Да, доста е! Веднаш!


Leave a Reply