Копија = Оригинал. Оригинал = Копија. Јајцето или кокошката?
Posted on јануари 24, 2009
Filed Under Општо | Leave a Comment
Тренд во светот, а секако и кај нас (не можеме ние да заостануваме!) е иновацијата и инвентивноста. Овие два поими се разликуваат суштински, но и двата се поврзани со оригиналот односно копијата.
Во денешниот свет, тешко да е измислиш нешто а истото да биде комплетно оригинално. Не дека е тешко и не се може. Она што јас секогаш се прашувам е дали таквиот чекор е исплатлив, особено ако живееш во средина каде производот на процесите иновација и инвентивност не се цени, нема вредност (парична), или пак системот не дозволува соодветна заштита. Да, постојат институции кои ги штитат овие производи.
Основата е во идејата. Но целината е во концептот на идејата и се што е врзано со неа. Многупати правам нешто што подоцна ќе видам дека и други почнале да го прават (виделе од мене или не небитно). Кога ќе начекам такви луѓе, си ги нарекувам копии. Често и јас се фаќам во истата вода: ќе направам нешто, а подоцна ќе ископам (најчесто на интернет) дека тоа веќе некој друг го направил и пред мене.
Оние што копираат добиваат помала или пак не добиваат никаква вредност. Го следат оригиналот, имитираат, мислат дека и тие можат се што ќе видат дека оригиналот го прави, но за жал вредноста на таквите е многу помала.
Почитувам копија со промена претворена во иновација. Почитувам и комплет копија на оригинал. Но, ти кој ме копираш, обиди се да го направиш тоа како што изгледа оригиналот. Кога сакаш да бидеш кокошката, потруди се да бидеш од комплетно исто јајце како и моето.
Leave a Reply