СТАВ
Posted on јануари 22, 2009
Filed Under Општо | Leave a Comment
Малкумина се свесни дека се е во СТАВОТ. Малкумина практикуваат да го искажат, формулираат, дефинираат, користат и искористуваат. Многумина копираат мислејќи дека на таков начин го кажале својот, дека го мислат, владеат практикуваат туѓиот како свој.
Ако имаш став кон било што, или подобро ако знаеш да го формулираш и пренесеш до публиката околу тебе (пријатели, колеги, роднини, пријатели, непријатели), тогаш 90% од желбата да те разберат, сфатат како позитивна личност, и да бидат со тебе, ја остваруваш.
Во формулирањето на ставот е потребно да имаш сопствен систем на резонирање. Во тој умствен процес неизбежно е да знаеш да анализираш, толкуваш, споредуваш, процесираш многу информации… Неосетно, или намерно – во зависност од степенот на развојот на тоа твоето во главата.
Во пренесувањето на ставот, морално е да поседуваш комуникациски вештини. Неправилно пренесен став е загубена битка односно неуспех. Колку и да е ставот неверојатно правилен, позитивен или корисен, ако неговата интерпретација е неуспешна, попусто што е таков.
Mark Hughes вели: Ставот не е важен, ставот е се.
Имаш ли ти твој став за … себе си?! Знаеш ли кој/а си, зошто си, што и зошто правиш…? Имаш ли став за твојот пат и животен стил?
Можам да редам милион прашања на темава. Целта ми беше да побудам дискусија за СТАВот. Тоа е иницијалната каписла за овој мој став.

Leave a Reply