Јубилејни стихови – 15 години

Posted on јануари 4, 2009
Filed Under историја | Leave a Comment

Годинава ја започнувам со нешто од мојата лична архива. „Празничниве“ денови ги искористив за да потсредам еден куп податоци во електронски облик. Меѓу се останато излезе и оваа „антологиска“ песна за Бозата. 

Автори сме повеќемина, друштво од Меѓаши пред некаде 15 години (по мое сеќавање). Местото на инспирацијата е слаткарница Малага. Оние што ќе се сетат дека учествуваа во инспиративниот моменат на оваа пофална „Ода за… (бозата)“ нека одговорат или нека ми пишат.

Прекрасен спомен!

 ОДА за . . . 

О, о, о, о, … 

Сакајќи да ја изгасне жедта на моето тело,
измрзната во ладната петочна квечерина,
ми се оддаде ! ! !
Наметната со кристални молекули,
настојуваше да ме задоволи.
Витката става на мермерната маса,
ме предизвикуваше!
“Копнежот по тебе
ги навлажни моите усни,
твојата личност влезе во мене.
Те чувствував со сета страст,
како се лизгаш во мене.
И повторно моите прсти посегнаа по тебе.
И повторно, и повторно, и повторно, …
Твојата реалност
ја оствари фантазијата на моите сништа.

И ПОВТОРНО ќе посегнам по тебе

О Бозо ! ! !

Comments

Leave a Reply