Одлука, план, акција, ревизија, корекција. Циклус без кој нема напред.

Posted on март 9, 2009
Filed Under Квалитет | Leave a Comment

Ова се петте елементи кои според мене се пресудни за се што правиме во животот. И во нашиот приватен живот, но и во животот на нашиот бизнис. Не зборувам од име на сопственик на бизнис. Во последно време се е бизнис, па и наивното пиење кафе со некој пријател. Секогаш се продаваме себе си, по помала или поголема цена, или гратис, зависно од желбата, способноста, знаењето итн.

Одлука: ова е најтешкиот чекор за многу моменти во текот на секој наш ден. За жал, неверојатно голем број на луѓе бегаат да бидат тие што одлучуваат. Особено ако постои ризк кој е директно врзан со личниот интегритет, вредност, позиција итн. Во фирмите најчесто постојат одлучувачи (читај decision maker-и), кои имаат задача да одлучуваат. За да се донесе една одлука најчесто е потребен темелен процес на истражување, осознавање, прогнозирање и сл. Врз донесување на една одлука влијаат милион надворешни и внатрешни фактори.

На мое лично изненадување, генерацијата на млади луѓе кај нас (18-25) се неверојатно неодлучни луѓе. Најчесто пасивни, без дефиниран сопствен став, без сопствен план што понатаму. Секоја чест на исклучоци. За жал, мнозинството е толку големо што малите искри на надеж не даваат доволно светлина за да испливаат, креираат личност, ценета, почитувана, вреднувана во средината каде делува.

План: ако тргнеш по една улица, и возиш, а не знаеш зошто го правиш тоа,  тогаш таа улица ќе ти биде иста како и сите други. Нема да знаеш ниту дали си стигнал/а, ниту пак дали си тргнал/а. Кога ќе поставев збор план во дискусии години наназад, наидував на неверојатен отпор: ништо не можело да се планира кај нас; па мора ли за се да планираме; па ти знаеш ли што ќе значи во време ако за се кроиме план итн. Бидејќи најчесто сме без план, ниту знаеме кај сме ниту до каде сме, а уште повеќе каде ќе бидеме.

И ако си одлучите, направите план, тогаш неминовно е да знаете која е акцијата што ќе следи по овие два чекори. Акција со реакција! Но, бидејќи знаете што треба да направите, лесно е да направите група на активности по кои ќе се движите за да ја стигнете целта. И не само тоа. Акцијата ќе ве ограничи со време, па сакале не сакале ќе знаете дали се движите по патот или по тротоарот, со или без тркала.

И коа сте во полн ек на работа, преземате акција, нормално е да посветите време и на ревизија и корекција. Ова се чекорите кои неминовно се поврзани еден со друг. Менувајте дур сте во акција, а корегирајте кога ќе завршите еден сет на активности. Ревизијата и корекцијата се суштински алатки, без кои не се може. Ако не ги користите тогаш, немате повратна информација во акцијата како оди реализацијата на планот. Со тоа, се губи можноста од тековна корекција на зацртаната, што лесно може да доведе до комплетно трошење на ресурсите без притоа да се постигне целта дефинирана уште со донесената одлука.

Најдобрата ствар е овој циклус да го ротирате на дневна, неделна, месечна основа… Но секако, без менување на одлуката.

Ова е скратена верзија на еден проектен циклус. И ако земеме во предвид дека проектот постои за да се оствари цел или сет н а одредени цели, базирани на донесена одлука, тогаш можеме огромен број на животни активности да ги подведеме под проект… Но да не претеруваме. Да не се извештачиме во хардвер без софтвер :-)

Ми препорачуваа, кога се занимавав активно со ISO 9000 системи за квалитет, тоа што го правам во фирмите да не го правам во личниот-приватниот живот. Да, би било премногу фашистички да се поставиме така и во приватниот… Но, ако сме тотални откачени и различни од нормалните и незибежни циклуси (како овој што накратко го пренесов до тебе без некои посебни теоретски и практични препишуавања од автори-напротив блиц размисла во момент на носталгија што блогов не ми е активен каков што посакувам да ми биде), тогаш нема да знаеме каде се движиме, ќе ни бидат криви политики, избори, таксисти, курви, телевизии, Бил Гејтс, шефот, жената, мажот, децата….

Среќен 8-ми март до женската популација. Мажи, охрабрете се: трае само еден ден, сите останати: пу-пу не важи!

Comments

Leave a Reply




online shopping Online Chat