Трансформација

Posted on април 13, 2009
Filed Under Општо | Leave a Comment

Сеуште живее зборот транзиција во секојдневниов живот. Порано се користеше како оправдување за некоја ситуација, особено во политиката, но често и во бизнисот (ако има криза во исплата на плата на пример). Нечесто луѓето се запрашуваат што значи зборот кој го слушаат; најчесто значењето го поистоветуваат со сфаќањето на повеќето во својата околина или пак онака како што тоа ним им одговара. 

Транзицијата е промена. При секоја промена се случуваат разни ситуации, трансформации, неприфаќање односно одбивање на новото наспроти уживанцијата во постоечкото. Ретки се луѓето кои можат да прифатат секоја промена, односно ја посакуваат. Особено затоа што се работи за некаква трансформација: на времето, на напорот, на обврските, на … 

Јас под промена подразбирам трансформација. Можеби трансформациајата по значење е поширок поим, потемелна и поцелоста промена, наспроти менувањето на кошула на пример (што би значело промена). 

Ако нема промена, односно трансформација, тогаш невозможно е да се случи придвижување. Од нас зависи дали тоа ќе биде напред или назад, кон подобро или кон полошо. Транзицијата чекор од транформацијата.

Колку сме подготвени за транформација? Често не сме. Но најчесто дознаваме дека ни е неопходна кога ќе ни дојде „јајцето на газот“. Некоја криза, неопходен чекор за напред, инвестиција, животна одлука…

Важна работа е чии совети ги слушаме кога се менуваме. Учете од успешните бидејќи само така можете да станете успешни. Неуспешните имаат многу што да ви кажат, но не и да се посоветуваат за процесот на промена да го спровете како треба, односно да излезете во добивка со тој превземен чекор и одлука.

Како да ги пронајдете успешните? Комуницирајте и ќе ги запознаете. Секогаш има некој за секого некаде, но во ваше време. Удобноста на моменталниот комфор е закана за вашата иднина. Проактивноста и преземањето на нови промени-чекори-посакувани ситуации, донесувањето на одлуките, треба да стане наша навика (како секојдневно пиење вода и спиење на пример). Само така се стигнува до посакуваното во својот сон. 

Сонувате?

Comments

Leave a Reply