План

Posted on август 8, 2009
Filed Under Менаџмент, Општо | Leave a Comment

ПЛАН: отсекогаш сум бил строго поставен кон оваа активност во сите досегашни проекти и бизниси каде делувам.

Малкуминра прифаќаат да размислуваат на оваа тема, а уште повеќе да си го организираат своето време според план. Во последниве 10-тина години на сите страни не нападнаа со странски поими за работа и се останато, а особено акцент се даваше на таканаречениот time management.

Зошто ги врзувам планот и time management, со бизнис план? Бизнис планот ги содржи и планот и организација на времето (динамика, рокови, краткорочни и долгорочни очекувања…).

Мој став отсекогаш бил дека „за се во животот мора да се има план“. Некои ми велат: план да, но во работа; немој тоа и во личниот-приватнио живот, ќе се претвориш во машина.

Не планира оној што не знае што сака, може, за што го бидува. Планот е патот кон кој треба да се движиме.

Бизнис планот е основа за развој на бизнисот. Зошто? Затоа што го дефинираме успехот: имаме критериум за мерење на резултат, знаеме што треба да се смени, менуваме. Активностите имаат своја смисла ако имаат почеток и крај и ако се дел од една целина. Се што правиме импулсивно, ентузијастичко, интиутитивно – не дава резултат.

Планирај го времето. Ако тоа знаеш да го направиш правилно и корисно за тебе, невозможно е да не го достигнеш успехот кој го посакуваш.

Comments

Leave a Reply




Teen Chat Rooms