Социјални мрежи

Posted on ноември 12, 2009
Filed Under Интернет, Општо, е-Бизнис | Leave a Comment

Ги има и во живо и на интернет. Како термин посебно актуелен на интернет мрежата – веб мрежи и секакви други. Дали има фајде од нив или се бадијала губење време (пардон, квалитетно искористено работно време поминато на компјутер)?

Муабетов нема да го терам од стручен аспекат, ниту па ќе анализирам видови мрежи, популарност и све остало. Многу повеќе сакам да чујам за практични примери за корисност од ваков тип на поврзување на луѓе, особено интернет социјални мрежи. Се вадам од кожа кога ќе видам како новинарчињата во нашиве медиуми, во потрага по бомбастичен прилог (информација) кој ќе привлече внимание на гледачи, уредници, спонзори, а притоа без да консултираат стручни лица (во најмала рака позитивни примери на корисност од социјални мрежи), за Facebook, MySpace и остали зезалици ќе си речат:

  • постои голема опасност од злоупотреба на лични податоци
  • вработените трошеле време на работа за неработа (ова и странците го квалификуваат како критичен момент)
  • се разменуваат документи со заштитени авторски права
  • се навредува личен интегритет на поединец/група/друг вид на здружување на луѓе
  • … и што ли уште не.

Ретко следам медиуми, ал додека го правам она што ме исполнува знае да ме боцне некој инструменталец од ваков тип. Небаре гледам турбо пинк за да ме извади од кожа. Бар кај пинк ми се вадат само очи.

Што ми е муабетов? Ммм, да. Сакав да речам:

Точно. Страшна работа се ваков тип на мрежи кои цицаат време, особено кај оние што не знаат да прават со своето време. НО! Големо НО! Постојат милиони примери каде овој вид на вмрежување на луѓе придонел за:

  • бизнис зделки
  • промоција
  • утепување на психичка депресија (самотија!)
  • склучување на долгорочни пријателства (тука влегуе и брак!)
  • пронаоѓање на заборавени контакти (таму ваму – насекаде)
  • зголемување на работата на фирмите
  • извоз на производи и услуги на први, втори и трети пазари итн.

Моја препорака: пронајди ги мрежите каде сметаш дека ќе имаш најголема корист. Како да го направиш тоа? Еве предлози:

  • побарај на Google и научи што е социјална веб мрежа
  • прочитај анализи за различни мрежи вклучително и рангирање на најкористените, најмасовните итн.
  • користи ги оние што ќе ги одбереш: активно – за тоа дефинирај си цел: што ќе правиш во мрежата што ја градиш
  • прашај пријатели што користат и како користат – можеби е добро да ископираш туѓо искуство
  • и на крај: ОТКАЖИ СЕ од нив, ако гледаш дека ти лета времето на глупости а немаш корист од тоа.

Она што насекаде се труби е дека најпопуларни се Facebook, MySpace, Twitter, LinkedIN, Plaxo. Има и многу други, но ова се најчестите мрежи што јас ги среќавам кај моите пријатели.

Ако ти користи овој мој став, драго ми е. Ако ти е смотан и не гледаш поента, заборави дека си го сретнал.

Но, ако имаш било какво искуство со социјални веб мрежи, ќе ми биде драго да го споделиш во коментар со сите оние што го следат блогов / со мене.

Фала ти за Твоите 5 минути одделени за мене. Верувам дека корисно ги потроши, а шефот нема да те избрка од работа затоа што отишле уште 5 платени минути во твојата месечна плата. АУТ!

Comments

Leave a Reply




Aussie Credit Card health files site monitoring