Multilevel Marketing – Network Marketing (MLM)
Posted on ноември 23, 2009
Filed Under wellness, Пари | Leave a Comment
Наслов кој верувам ќе Ти биде провокативен за да ме дочиташ до крајот и да продолжиш – да ме коментираш.
Како што знаеш, по професија сум дипломиран менаџер, и со задоволство изучував се и сешто за да работам како менаџер во Македонија. И би! Работев! Како менаџер? Хахахахаха… Како хаусмајстор: менаџирај возен парк, менаџирај луѓе, менаџирај финансии, менаџирај систем за квалитет, менаџирај маркетинг, менаџирај тендери, менаџирај проекти… Да, ова не е менаџер, туку хаусмајстор! Не е ниту извршен директор – тој има тим менаџери.
Да, таков к’смет можеби сум имал и не сум видел-слушнал-осетил-работел менаџмент во Македонија. Но фала му на газдата (читај животниот пријател), научив се што не знаев додека изучував менаџмент. Особено интересно ми стана да научам многу за продажба – иако тоа досега не сум го кажал никому ниту пак сакав да го откријам и овој мој афинитет – ќе станев менаџер за продажба, гарант!
Откако одлучив да си барам заработка во свој бизнис, од самиот старт работев на моите знаења и вештини за продажба. Дали станав продавач? Јас како и сите сум продавач, но зависи колку заработував-заработувам-ќе заработувам продавајќи го тоа што го имам во своите раце.
Што сакав да речам! МЛМ !
Во продажбата има безброј видови на дистрибуција на производ или услуга. Стандардниот ни е познат на повеќето: фабрика-препродавачи на големо-препродавачи на помало-продавачи/трговиц-клиенти. И ова е ОК. Ако ова не постоеше и не се разви како што е развиено, кој знае на што ќе личеше светов.
Арно ама, работејќи свој бизнис согледав дека и не така лесно да го направиш тој ланец, со цел да имаш заработка од него, каде и да се наоѓаш во синџирот – почеток/средина/крај. И немаше да знам дека голем ќар во ваков синџир е тешко да го добијам (мислам на личен ќар), доколку не го запознав Herbalife и неговиот маркетинг план.
Дали е тешко да бидам злато во синџирот? Хмм, па не, но не сум син на рокфелер. ниту на политичар, ниту на мултимилијардер. Мојот татко е новинар-творец-професионалец за медиуми (радио). Професија што во неМакедонија прави милионери. Но еве 6 децении живее и работи во Македонија.
Дали е тешко да бидам злато во МЛМ? НЕ.
Што е мултилевел? Тип на дистрибутивен канал кој заштедува на еден куп алки во синџирот, а Ти дава можност Ти како една од алките да имаш најголема добивка, да имаш најголем ќар, да бидеш награден за Твојата работа. Постојат разни компании кои го нудат овој модел на работа. И пред да одлучиш да соработуваш или пак да го користиш овој модел на комерцијализација на твојот производ или услуга, научи за моделот, научи за компанијата – па донеси одлука: јас сакам да заработувам / јас сакам да го крпам животот.
Од каде ваков одбранбен став и позитивно размислување за мрежен маркетинг? Го научив моделот на Herbalife, кој е еден од двата најчесни системи и модели на МЛМ. Го практикувам веќе 10 месеци. Заработувам одлично месечно. Без големи инвестиции, без големи нервози, без големи временски бркотници – онака како што јас сакам, со кого сакам, кога можам. Лесно можам да го споредам ова работење со работењето во мојата фирма. И многу лесно можам да заклучам каде водата е потопла, сонцето посветло, ветерот поспор.
Она што јас Ти го препорачувам Тебе: не чекај, прашај ме за Herbalife за да дознаеш како и ти како мене да заработиш за себе, за сега и за Твојата иднина. Не чекај да Те барам јас. Ти си тој/таа што го креираш Твојот живот и го живееш на свој начин. Ти си тој/таа што Треба да го преземе она што го има во својот живот во свои раце.
Доналд Трамп одлучи, после сите мултилијардерски бизниси што ги поседува, да основа свој бизнис во иста индустрија каде веќе 30 години работи Herbalife: wellness индустријата. Ќе речеш: човекот има пари па може, човекот е будала да се плетка со нешто што не му треба. ИЛИ: човекот знае што е ТРЕНД, и знае што треба да направи за да го искористи за да направи уште еден бизнис кој ќе му носи милијарди и милијарди.
МОЖЕШ И ТИ ДА БИДЕШ ДА БИДЕШ ДОНАЛД ТРАМП
Се шалам? НЕ!
Донеси одлука за свој бизнис, искористи ја деловната можност што Ти ја нудам, и без инвестиција биди дел од трендот каде речиси сите бизниси се позиционираат затоа што знаат дека таму е иднината.
Еве што вели Вест за идејата на Доналд Трам (имаше линк на вебот на Вест но сега е сменет, ќе го корегирам штом го пронајдам пак).


Leave a Reply