Посветеност, лојалност, доследност – УСПЕХ ?

Posted on декември 11, 2009
Filed Under Општо | Leave a Comment

WORKAHOLIC ! Човек кој многу работи, премногу работи, се заборава од работа, само работи и ништо друго не го интересира… ДАЛИ?

Не постојат луѓе во Македонија кои посветено работат за да го сработат тоа што им е дадено да го сработат или она што сакаат да го сработат. Теза која сите ја зборуваат. Со дополна од следново: џабе работиш тука, ништо не можеш да создадеш, … Ако сакаш со вакво темпо да работиш и да имаш добивка (во се, а не само во пари), тогаш оди кај жолтите – кинезите, јапонците, па таму биди еден од доследните во работата што ја работиш. ДАЛИ?

Постојат! Малку се? Да. Неорганизирани се? Да. Не можат сами? Да. Дон Кихот со ветерниците…такви се? Да. Имаме ли потреба од ваквите ? Да. Но дали вистински знаеме за тоа и дали вистински ги користиме? Не.Товареноооо магарееее ништо не осеќааааа… Вака викавме по градинки и училишта на времето. Како е сега не знам. Како деца не знаевме точно што значи ова. Ниту ја разбиравме магарица – што тоа би можело да биде во превод за Големите. Најчесто, многу ретко, ваквите, работливите-посветените-лојалните-доследните, се токму вакви – магариња-магарици-коњи за влечкање. Најчесто во сенка, без особина и потреба да се истакнуваат на безобразен начин, секогаш подготвени да ги препознаат како такви-вредни-умни-паметни за да ги почитуваат, ценат, наградат. Но, дали се успешни? ДА. Во секој поглед, освен малограѓанскиот каде воопшто не припаѓаат, ниту сега, ниту порано, ниту подоцна.

Мојот татко, Љупчо, беше посветен работник, и сега е. Професионалец, доследен, лојален, посветен… Човек за работа кој секој го посакува – и да работи заедно со него и да сработи и да ужива во секојдневната комуникација, и да учи постојано од него! Дали го ценат и почитуваат? Не! Зошто? Затоа што бројот на луѓето со спротивни особини е преголем за да може да ја издржат конкуренцијата која ја наметнува Тој. Тешко е да поднесеш подобар до Тебе, особено кога Ти е конкуренција во Твоето. Конкуренцијата се убива со еуфорија, обезвреднување, уништување на се што е вредно!

Досега се обидувам да бидам во корист на ваков начин: сум со оние што сакаат да успеат, а за тоа посветено работат, учат, се надоградуваат, не се жалат себе си, бидејќи знаат дека тој пат е вистинскиот за да се достигнат целите во сопствениот живот. Имам утки во мојот избор, можеби предоцна дознавам за тоа, но тоа не го сфаќам какко грешка туку како најдобро училиште и вистинска вештина за останатото што го чека да го средам.

Дали сум јас еден од овие – workaholic-ите? Хм, никогаш не милувам да си давам мислење сам за себе, послатко е други да кажат за Тебе. Но, секогаш сакам да бидам комплетно самокритичен и да размислувам за моите слаби страни, за да доволно ги ојачам и да ги снема. ДА. Уживам да работам. Уживам да го работам тоа што го сакам, тоа ме исполнува, тоа постојано ме надоградува. Човек кој ужива во својата работа и својот успех = тоа за мене значи workaholic!

До кога вака, и дали поинаку? Постојано, и никако поинаку. Зошто? Викни на кафе па ќе ти докажам. Брзам за да успеам. Потрошив 5 минути на блогов, колку што одделив за просторов кој го читаш Ти. Купи го моето искуство за без пари! Но биди подготвен да го цениш моето, и во случај да е тотално ступидно за Тебе и Твојот ментал. Убав ден пријателе!

Comments

Leave a Reply