Нов почеток!
Posted on април 3, 2010
Filed Under Општо | Leave a Comment
Замислуваш, посакуваш, се насочуваш, преземаш акција, создаваш: нов почеток. Почнуваш, од почеток. Преземаш акција, создаваш, менуваш, грешиш, поправаш, учиш, надоградуваш. На момент, вртиш глава наназад, повлекуваш црта, мериш-премеруваш-заклучуваш. И… Замислуваш, посакуваш, се насочуваш… Почнуваш, ОД ПОЧЕТОК!
Почетокот има неверојатна моќ, поголема од завршетокот (крај нема, привиден … можеби). Создава, ентузијазам, чуден склоп на емоции, задоволство, страв, нетрпение, очекувања, жар за акција, желба за успех. Колкупати си почнувал/а…нов почеток? Јас често, многу често.
На моменти, незадоволен што постојано почнувам нов почеток, но секогаш задоволен што новиот е подобар од претходниот. За мене лично, феноменално чувство. На повеќето не им се допаѓа тоа, но си го гледам своето. Зошто? Тоа е себично? Можеби. Но, за мене не. Новиот почеток е нова приказна, позрела, помоќна, потемелна… Да! Не плукај на стариот бунар – велат. Новиот почеток, не е заборав на се започнато. Напротив, уште една од надграбите на сопственото, заедничкото – нашето.
Секогаш нов почеток! А зошто да не?
Да, да. Најдобро почни, и терај си го без да застанеш. Но, што ако тој почеток бара многу други нови почетоци? Зарем ќе ја ускратиш моќта на синергијата на знаењето, свеста, ставот, резонот? Секој следен, подобар од претходниот, заради претходниот и заради следното. До кога? Додека не го изградиш целото. Она што го сонуваш на самиот почеток.
Љубов, комуникација, интегритет, искреност, забавност, ентузијастичност, одговорност… Добри и секогаш прифатени особини од сите нас. Можност за оној што ги поседува да биде пример во своето друштво, во својот круг на познати не познати. Можеме ли сите да ги поседуваме? Да! А дали ги имаме сега…? Можеби, не.
И да ги имаме, и да ги немаме, новиот почеток е оној што ќе направи да ги создадеме. Ако сакаме да бидеме магнет за средината во која сме.
Вреди ли да се почне од почеток, со нов почеток! Да.
До кога нов почеток? Секогаш, додека не дојдеме до посакуваниот крај. И крајот е нов почеток, на почетокот.
Среќен Велигден. Христос воскресе!
Leave a Reply