Мотивација
Posted on јуни 13, 2010
Filed Under Менаџмент, Општо | Leave a Comment
Ме нема одамна со нешто ново… Толку многу работи се случија во периодов што заборавив на блогов… Но, тука сум: пак ќе си кажам нешто што ми лежи. А Ти, искористи го за нешто. Можеби за мотивација. Или заборави го, ако не ми ја фатиш поентата и гледаш на текстов како на празноумно балаборење на овој веб простор.
Темава е секогаш актуелна, во сите сфери на нашето секојдневие. Како се разбира е друга работа, многу често зависи од моментот каде е употребен зборот, каде е сретната или каде се почуствувала за потребна. До неодамна, а многу често и во овие години, слушам насекаде, и од вработените (читај работниците) и од невработените (читај бадијалџиите) дека главната мотивација ни била: парите. Демек, ако ги имаш си мотивиран, ако ги немаш не си или пак ќе најдеш начин да се измотивираш за да дојдеш до нив. Се сеќавам на многу студиски предмети од менаџментот каде низ практични примери дознававме за мотивацијата на работното место, однос во системот на работа – однос шеф/подреден итн. Многу за муабетење на темата за врската меѓу мотивацијата и работењето, што можеме да си ја праиме ако се видиме во живо на кафе муабет. Она што е поинтересно и важно за замисла и лично преиспитување е личната мотивација.
Дали имаш или ја немаш? Знаеш ли како да си ја создадеш? Ти треба ли некој да Те мотивира постојано? Дали Ти треба мотивација?
Без да знаеме – неосетно – за некого тотално нормално, но и непотребно за размислување околу мотивацијата – таа постои. Доколку не ни постои секој ден, тогаш денот би ни бил безвредна точка во времето – нема ништо да мрдне од тоа што е, со нас или без нас. Ако ја немаме, тогаш често се чувствуваме бедно, нервозно, незадоволни со себе си, со своите резултати, со својот напредок. Можеби нема да ја достигнеме саканата цел што уште повеќе ќе создаде негативно чувство и депресивен заклучок: мене ништо не ме помрднува, мене за ништо не ме бива.
Да, точно: мотивацијата е пред се психологија. Важна алка во целината. Зошто е потребна? За да одиме напред. Што може да не мотивира? Се. Кој може да не мотивира? Секој.
Она што јас постојано го тренирам (пред се лично, но и во група со други) е личната мотивација. Што подразбирам под тоа: јас за себе си со себе си да си пронајдам нешто што ќе ме измотивира за да одам понатаму, до следната точка, до следната цел, и понатаму. Тоа не секој знае, може, сака, го прифаќа да го прави. Но, вредно е да се размисли за начинот како постојано да си го прави за да напредува, да ги руши границите на своето возможно.
Мене ме мотивира се. Но најмногу сопственото задоволство. Особено кога нешто во што вложувам време, знаење и енергија, ќе го комлетирам, ќе го завршам во форма која сум го замислил, со резултат кој јас го посакувам. Тоа може да биде и добро направен микс од 10 музички нумери, кило слатки цреши, или пак градска вожња од 30 км/час. Само тогаш се осеќам задоволен. Знам дека тоа што сум го посакал и сум го направил, а лично ми било потребно – сум го остварил.
Теории за мотивација: милиони. Начини за мотивација: милиони. Меѓутехники-филозофии-различни движења: миони. Важно е што јас-Ти-и останатите сме: едни. Јас сум јас за себе си: еден. Пронајди ја својата мотивација за да не летне времето од рацете, а да не притисни незадоволството, па еден ден да си речеш: е што направив јас за сиве овие години. Постави го прашањето сега! Утре е доцна.
Текстов не е за коментар. Но ако добијам, ќе продолжам со муабетот. Ако разбудив нешто во Тебе, тогаш ја постигнав мојата цел. Твојата промена беше мојата мотивација за овој текст.
Гледаме фудбал под клима, како ескимите додека ловат риби. Додека не не огрее! Да живееме!
www.mojbiznis.mk/prijava
Биди во друштво на успешните. Биди успешен човек. Денес!
Leave a Reply