Ученик-Учител. И обратно. Алка без која нема напред.
Posted on јули 4, 2010
Filed Under Општо | 1 Comment
Системот во кој 99% од сите нас пораснале и растат не учи да бидеме просечни. Учиме се и сешто, потребно и непотребно, важно и неважно. Имаме можност и да избереме што ќе учиме. И ќе научиме. Штом научиме, тогаш сме ја постигнале целта – стануваме дел од просекот. Каков просек? Некаков: на квалификувани луѓе, вработени, невработени, жители или имигранти… И тоа може да биде дел од некаков просек. Но мислам пред се на просечни луѓе: не премногу високо, до средно или подобро под средното – да не се мешаме во ешалонот на бисерите меѓу нас.
Вреди ли да се учи за да се биде просечен? Според мене не. Зошто? Еве многу накратко:
Зошто би вложувал многу од своето време за да крпам месец за месец, или пак постојано да наидувам на блокади кои ме оддалечуваат од остварувањето на моите соништа? Дали вреди целото стекнато знаење за безначаен напредок и постојано себедокажување за сопствената вредност? Дали воопшто моето знаење има некаква вредност онаму каде го продавам?
Пред мене прашања безброј. Сигурен сум и пред Тебе. Со муабетов сакам да побудам мало себеанализирање и разговор со себе си, на темата: вредам ли како ученик, или подобро, вредам ли како учител?
Се провлекува одваму натаму една народна за мајсторот и чиракот: ученикот подобар од учителот. Така било, но дали е сега така…? Според мене се помалку. Ја имав таа среќа во мојата досегашна кариера да работам во, можеби единствената, македонска фирма каде нескромно се споделуваше знаење, се вложуваше во пренесување на искуството, од учените на учениците, од искусните на почетниците. Дефинитивно тоа беше единствената причина зошто таа фирма имаше огромни чекори во својот напредок.
Среќен сум што денеска сум дел од одлична интернационална компанија каде важи истото: учам за да научам, пренесувам знаење за да научат. Нескромно, без предрасуди, со ентузијазам, мотивација и голема желба учениците да бидат подобри од учителот.
Во денешно време, модерниот збор е: ментор. Систем на менторство. Ментори кои поучуваат за да научат свои, кои понатаму ќе учат свои, кои ќе… И додека овој ланец постои, се надоградува, расте, се усовршува, сигурно е дека секој ќе биде со голема корист. Пред се, над просекот.
Да, потребен е систем каде вложеното ќе ти врати вредност. Но, и тоа го пронајдов. Не го измислив јас, го измислил обичен човек, со свое искуство, визија и желба за успех. Јас го користам, како и огромен број други низ целиот свет. И што е најдобро, не се грижам за неговата успешност, надоградба, опстојување. Мое е да научам и да пренесам знаење: да научам други.
Уште еден модерен збор: консултант. Овој статус го посакувам многу одамна. Одамна си дадов збор и ветување на себе си дека тој личен статус е единствениот начин да го пренесам моето знаење стекнато од животното искуство, формалното образование, секојдневната пракса. За да не остане залудно потрошено моето време. Барајќи модел кој ќе биде најсоодветен на моите финансиски очекувања за моето вложено време во поучување на други, го пронајдов најдоброто: Herbalife. Им благодарам на сите пријатели кои нескромно се потрудија да ми ја доближат оваа компанија и нејзиниот систем на работа, кои дефинитивно направија огромна промена во мојот живот.
Пред 12 години си дадов збор дека ќе учам се што ќе ми треба се додека дишам. Но, си го реков и следново: работиш како скот и дај си рок до кога вака. И си дадов рок: до мојата 35-та. Доволно е како влог во животот и животниот стил кој го посакувам. Имам уште малку до целта! А потоа… Ќе учиш од мене. Ако си подготвен/а да го научиш она што јас го знам за да го живееш времето на свој начин, како што си направив јас.
Учи за да одиш напред. Поучувај други за да ти помогнат да одиш и стигнеш до Твојата цел. Со среќа!
Comments
One Response to “Ученик-Учител. И обратно. Алка без која нема напред.”
Leave a Reply
[...] Ученик-Учител. И обратно. Алка без која нема напред. [...]