Доверба. Сигурност. Напредок. Успех.

Posted on октомври 17, 2010
Filed Under Општо | 1 Comment

Ахм, ме има и ме нема. Пишувам без ред, но не го заборавам просторов каде знам дека ме читаш. Да, се трудам најмалку еднаш во месецот да оставам моја белешка, за нешто што сметам дека е важно да остане од мене запишано, за мое потсетување, за Твое доучување – за заедничко напредување.

Велат, во книгите е знаењето. Читај за да го купиш, осознаеш, употребиш во своето секојдневие заради своите животни цели. Од искуството на оние што читаат, и од мое скромно искуство, вистина е. Но, не сум од оние што слепо веруваат во книгите. Верувам дека има нешто и во мене, во мојот начин на расудување, во мојот ментал кој ме прави ист или различен, привлечен или одбивен, позитивен или … Да, прочитај за да дознаеш, искористи го тоа што сметаш дека ќе Ти додаде вредност, но не биди слеп при здрав разумен и сопствен интелект.

Се додека веруваш, ја трошиш својата доверба за нештото, го вложуваш своето време и знаење, делуваш по сопствениот план заради остварувањето на сопствените цели во животот, напредуваш кон сопствениот успех. И додека остваруваш мали цели заради поголемите, мали успеси кон главниот замислен и зацртан во себеси, чувстуваш сигурност. Дека можеш, знаеш, успеваш. И додека си во тој филм, стануваш привлечен човек. Но истовремено си предмет на завист, љубомора, цел која сите се стремат да ја обезвреднат. Стануваш конкуренција на останатите кои се движат по истиот пат како и Ти, безрезрезерво, со целата сопствена енергија, страст, воља, љубов кон она што го работат. Заради целта, заради сопствениот успех.

Во филмот на привлечноста, на моментумот на сопствениот мал успех, на патот кон најголемиот, веруваш во себе си, и во сите оние кои се со Тебе на Твојот пат. Чувствуваш сигурност и не помислуваш во ниту еден момент дека Тој, Таа, Тие, ќе Ти попречат, ќе Те сопнат, ќе Ти го свртат грбот, ќе Те заборават. Ќе помислат дека повеќе не Ти се потребни, бидејќи успеваш. Но чувствуваш дека сопствениот напредок е многу посилен од исклучителниот идиотизам и желба за одмазда, завист, безлична кражба на стекнатото… Во истиот моментум се случува да почиствуваш дека Те изиграле, Те изигруваат, Те искористуваат, Те омаловажуваат… Се трудат да Те уништат барајќи начин Твојот резултат да го разнишаат. Трката кон крајниот успех е пеколна. Кој преживее ќе зборува. Но, дали е тоа човечно?

Ахм, тупаџиски фрази кои не секој ќе ги разбере. Ова е мој став наменет за малкумина кои знам со голема сигурност дека се радуваат на секој мој пост на овој мој блог. Небаре моето напишано е поважно од моето кажано очи в очи, на кафе муабет. Уште повеќе, позгодно да се прочита бидејќи сето ова, кажано во четири очи, ќе трае 2 минути. А прочитаново ќе се дочитува се додека не се прочита.

За Тебе што го читаш ова, да Ти појаснам некои нешта кои или не сакаш да ги согледаш, или не сум бил досега директен за да ги дознаеш во форма која ќе ја разбереш, без демагогија, фрази и искази од типот „слушај ќерко, сети се снао“:

  • Верувам во луѓе кои ќе покажат дека сакаат и можат со мене, заради нас.
  • Често се преправам дека слепо верувам, но знај дека во мене длабоко се прашувам за се, за да не се разочарам од сопствената доверба.
  • Секогаш со сигурност верувам во договореното. И толерирам отстапки. Можеби и премногу. Но знај, кога еднаш ќе ја скршиш мојата сигурност во Тебе, ќе остане скршена за навек.
  • Играм тимски, не сум индивидуалец, не трпам авторитети. И сакам да напредувам заедно со Тебе. Но знај, во моментот кога ќе согледам дека ме кочиш во моето темпо, Те заборавам. Не дозволувам да ме влечеш назад, и да ме удираш по десното рамо (кое за жал не издржува повеќе тапкање).
  • Мојот успех зависи од мене. Често сакам да го споделувам со Тебе, со сите што истото го посакуваат за себе. Но знај, не дозволувам мојот успех да го прокоцкаш, за да останам без него.

Ти што не веруваш во себе, никогаш нема да поверуваш на други.
Сопствената доверба е Твојот услов за да напредуваш и успееш во тоа што го работиш.

Без мене, или со мене, заради мене или други… Сфати ги зборовиве како човечки пријателски совет. Наврати се колкупати сакаш, но Те молам: не ме прашувај за ништо што тука го напишав. Така е подобро и за Тебе и за мене.

Ахм, ова го пишувам во ситни часови, во момент на сопствен мир и расчистување на дилеми и кочници на патот кон мојот успех. Откочи се, за да ме стигнеш. Јас заминав!

Comments

One Response to “Доверба. Сигурност. Напредок. Успех.”

  1. 2010-та. Мојата… | Димитровски Горан on јануари 1st, 2011 10:52 pm

    [...] Доверба. Сигурност. Напредок. Успех. [...]

Leave a Reply




Canadian pharmacies