2010-та. Мојата…
Posted on јануари 1, 2011
Filed Under Општо | Leave a Comment
Си пишувам за да го заокружам моето блогирање во годината ни 2010-та. Од 2011-тата, овој простор „ќе го нападнам“ со други ставови и тематики, различно од досегашното. Сето ова, како идеја, авторство, ќе биде архивирано, пензионирано. Заради континуитетот на реченото, заради потсетување на докажаното, колку и да било безвезно, непотребно, брутално, одвратно, непристрасно, позитивно, сугестивно, напорно, интелектуално, со и без емоции, деловно, директно, нападно, коректно, со добар и лош збор, со избрани и небулозни реченици…
Оваа година си заминува, со голема радост и исполнето срце ја испраќам со желба секогаш и секогаш да се повторат убавите настани, дружења, а никогаш повеќе да не ми се повтори лошо слученото. Заради подоброто, поубавото, поуспешното. Дали беше успешна? Да. Дали беше динамична? Да. Дали беше профитна? Да. А следнава? Уште најдобра до сега!
Неоткривајќи голем дел од приватните случувања, каде успешно го задржив личниот спокој, интегритет и имиџ, ќе нафрлам дел од работите кои се случија во годинава во мојот професионален (деловен) и блогерски живот. Без намера за отчет. Многу повеќе со желба за ретроспектива на слученото, со желба за наше подобро запознавање и поуспешен пат кон заедничкиот успех.
Во годината што помина шетав многу, на Балканов, во Европа, низ Македонијава. Запознав стотици успешни луѓе, поединци кои бараат свој личен пат за сопствен успех и одличен животен стил. Научив многу од сите нив. Им благодарам.
Им помогнав на стотина нови пријатели да си го подобрат сопственото здравје, да научат како поздраво да се хранат. Научива десетици луѓе како да ги остварат своите финансиски цели, како да го зголемат својот месечен буџет, а притоа да си го подобрат својот животен стил, да заборават на сопствените бариери, да извлечат максимум од себе си.
И додека работев со мојата професија Personal Wellness Coach, придонесував и во мојата фирма Презент. Учествував во над 20 проекти од различен вид, претежно веб страници.
Лична надградба – едукации – обуки – промоции: со еден збор, висока струја за добар темел и успешна кариера.
Теми и ставови на овој мој блог во 2010-тата:
- ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ
- Доследност. Почитување. Признание.
- ТРЕНД
- Квалитетно. Знаеш? Можеш?
- Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?
- Одговорност! Вистинска вредност или лажно лице пред клиентот?
- СТАРТ ! Петолетка ?!
- Сакаш да продаваш? Еве ти работа!
- Понуда за работа во Wellness компанија
- Нов почеток!
- Мотивација
- Просек. Под и над? Каде си Ти?
- Ученик-Учител. И обратно. Алка без која нема напред.
- Интелегентен или разумен и разбирлив став ?! Резонираш?
- Сериозност.
- Доверба. Сигурност. Напредок. Успех.
- Искреност. Почитување.
Зошто сето ова? За да ги пренесам моите емоции, моите ставови за тековни случувања од моето секојдневие. Со надеж за Твоја поддршка-помош-идеја за подобро утре. Скромно, но доволно за овој виртуелен простор, како дел за паметење и постојано потсетување на мисли-размисли-совети кои се произлезени од ситуации-искуства-состојби во 2010-тата.
Вкупно откуцани карактери: ХАХАХХАХАХА. Очекувам апаратчето за мерење стрес на прсти да пристигне во Македонија, па да си го запишам и тоа како информација
Денес е првиот ден од најважната 2011-та. Голема е важноста на оваа година за мене. Се нижат многу јубилеи кои ќе ги прославам на најдобар можен начин. Се прашуваш можеби зошто сето ова? Зошто пишување, зошто личен блог, зошто различни професии и започнати бизниси (електроничар, менаџер, проект менаџер, продуцент, новинар, радио водител, ди-џеј, систем администратор, личен велнес советник за здрав и правилен начин на исхрана; радио, мултимедијален центар, информатички консалтинг, веб продукција)… ? Зошто www.avizo.mojbiznis.mk, www.mojbiznis.mk, www.gromradio.com, www.panoptikum.com.mk, www. prezent.com.mk…? Бидејќи имам цел, имам визија, имам сон за мојот животен стил. Сон за кој мечтеам одамна, и заради кој работам за да сработам.
Си дадов збор на себеси пред години околу моето пензионирање. Како што се движат работите, дадениот збор ќе си го испочитувам, ќе го остварам. Затоа што работам според план, според мое темпо, со моја акција, со сето мое знаење, со сите мои вештини. Затоа што постојано се надоградувам, усовршувам, подобрувам. Затоа што знам што сакам.
Ти благодарам за Твоето следење на моето. Драго ми е што Те имам и Тебе за свој личен пријател.
Сигурен сум дека ќе успееме заедно во оваа 2011-та.
Ја започнавме најуспешната, најпосакуваната, најдрагата, годината со најголем успех, просперитет, задоволство… Во оваа година сите наши соништа ќе ги оствариме, сите желби ќе се остварат, сите радости ќе бидат дел од секој наш ден. Да, оваа е таа – 2011-тата
НЕКА НИ Е СРЕЌНА, БЕРИЌЕТНА, ВЕСЕЛНА НОВАТА 2011-та. Сите ние со многу здравје, к’смет и ум!
Да почнеме