Искреност. Почитување.

Posted on ноември 19, 2010
Filed Under Општо | 1 Comment

Многупати досега налетувам на луѓе кои се декларираат дека сакаат да помогнат, помагаат, ќе помогнат. Многупати, мојата доверба ја изневеруваат. Ја користат мојата отвореност, налик наивност. Јас тоа го знам, и знам да управувам со таков однос кон мене. Не знаев, научив. Ги жалам сите оние кои се лажат себеси дека ме искористиле, дека поминеле преку мене а добиле тоа што сакале, без притоа да ми помогнат, да го одржат својот збор, да останат доследни на погледот и довербата дадени од мене.

Да бидеш искрен е многу важна работа. Искреноста е една од нашите особини која секој човек, што го знаеме или не го познаваме, ја цени со особена мерка. И таа, како добрата вест, се шири многу поспоро, од лошата – неискреноста. Изневери 1 човек, ќе добиеш најмалку 1 поточно 10 кои нема да веруваат на твојот збор. Декларираната искреност неподдржана со практичен пример е самозалажување, обременување со погрешни вредности, обид за бегство од своите карактерни слаби вредности. И искреноста и неискреноста се забележуваат веднаш, на прв поглед, како и љубовта.

И ако си искрен, ќе те почитуваат. И ако се искрени, ќе ги почитуваш.
Поинаку не оди.

Се што е различно поставено е лажна состојба поставена на лажни очекувања и погрешни надежи. Не дај боже, да поставиш план за своите цели базирани на неискреност и лажно почитување. Тогаш си осуден/а на неуспех.

Оваа реченица е за Тебе, мој драг пријателе, кому знам дека му значат мои зборови, кои приметувам дека позитивно влијаат на Твојот напредок и развој: Ти беше неискрен кон мене, а јас Те почитував со чисто срце и отвореност кон Тебе. Верував во Твојата искреност, иако постојано имав сомнеж дека можеби и не постои, поучен од моето животно искуство и став „анализирај ги сите работи од секоја страна, размислувај за се, и помисли на се за да бидеш подготвен да одговориш на се што ќе се случи – позитивно, во сопствена корист“.

Да бидам конкретен, за да не размислуваш сеуште што сакав да Ти кажам:
- Јас сум искрен, отворен, доследен на мојот збор. И почитувам. Кога ќе бидеш и Ти на овие 4 столба, нашата цел ќе биде остварена. Да, Твојата и мојата се можеби различни. Но патот до нашите цели е ист, заеднички, барем засега.

Бидејќи најчесто не добивам коментари, ниту од Тебе, ретко од останатите: бидете храбри, јас разговарам и 1 на 1. Не срамете се од својот збор, ако знаете колку тој збор вреди, за Вас и за останатите со Вас.

Убав викенд, добра забава и уживајте во вашиот wellness.

« go backkeep looking »