Сериозност.

Posted on октомври 28, 2010
Filed Under wellness, Општо | 1 Comment

Да да, ќе дробам почесто… Досаден сум Ти, а ? Хехехе, барем во денешно време за досадните се наоѓаат одлични начини за да се игнорираат, отпишат, тргнат на страна… Можеби сум Ти и корисно досаден: ми крадеш од фразите, заклучоците – моите поенти, а ме множиш со нула за да ги пренесеш работите на оние на кои им се наметнуваш со својата помош за да ги направиш зависни од Тебе. Не дека сум единствен и оригинален. Веројатно дека Твојот ментал досега не се потрудил низ 2 минути размисла да заклучи нешто и за нешто, како што често си правам и јас.

Добив реакции од многумина што лично ги познавам, но и од многумина што не ги познавам, дека сум бил многу сериозен. Прочитав и дека сериозно сум на правиот пат според моите успеси. А ми кажаа и дека сум комплициран, остај сериозен – тоа ми Ти било од мојот факултет. Овие 2 реакции се од мојот Facebook профил. А во живо: слушнав вакви оценки од еден куп луѓе досега. И замисли, „мојата сериозност“ ја поистоветуваат со мојата деловност – мојот однос кон работата, мојот начин на комуникација (?!),  па и со израз на лицето, и што Ти уште не… Не можам да си поверувам: толку сум им интересен што се замараат со мене. Секоја ми чест :-)

Сериозност или озбилност. Не е битен правиот збор. Ќе се обидам да Ти помогнам да ме разбереш што јас разбирам под поимов, кога се однесува на човек а не на било што друго. Се заправашав: Дали сум сериозен ?

Карактерот е купче на особини наследени во нашиот ген, стекнати во нашиот живот, со сите позитивни и негативни фактори кои влијаеле и влијаат постојано. И можно е да сме сериозни, по карактерот. Но што значи тоа за мене: постојано еднострано гледање на состојбите, во се слушнато да се бара „коренот“, незнаење да направиш грам „обичен муабет“, на виц и шега да не знаеш да се насмееш – да не знаеш шега да кажеш, да не знаеш отворено и без умисла да гледаш на состојбите од Твојот живот… Но, значи и: знаеш што сакаш и што можеш, се поставуваш во различни ситуации на свој начин заради својот интерес, ја знаеш Твојата цел во секоја ситуација и со секој направен контакт, … А во бизнисот, во работата: одговорен, чесен, отворен, прецизен, дисциплиниран. И, во семејството: човек!

Сериозноста е момент кога на одреден начин и во одреден момент се поставуваме кон ситуацијата во која сме на свој начин. Што значи, разумно, со оладена глава, конкретно, рационално, максимално насочено за да извадиме резултат од неа. Во ситуации кога знаеме што сакаме. И ако е тоа бизнис, за мене значи: деловно, точно на време, прецизно, одговорно… Но, сето тоа, особено ако е бизнис, не значи дека ако изразот на лицето ни е сериозен, дека ние сериозно сме се поставиле. Доколку точно се знае целта, и насочи сопствениот квалитет кон успешна реализација – резултат според планираното, тогаш да: Ти си сериозен во Твојот бизнис.

Збунувам? Можеби. Комплицирам? Можеби. Да Ти помогнам? Сега:

Мајтапењето и префрлувањето се начини како да се одбраниш самиот/самата себе си од конкуренцијата. И во битката за победа очекувано е дека ќе се обидуваш на секаков начин да ги спуштиш останатите во трката под Тебе. Но, омаловажувањето и обезвреднувањето се сериозен напад на кој одговарам максимално брутално. Можеш да го купиш мојот збор, но не и мојот начин на размислување. Можеш да ме сметаш за сериозен и да ме оттргнеш бидејќи Ти смета мојот став, кој е понапреден од Твојот, кон кој се движиш зад мене. Но ако и Ти си сериозен/а, ќе сфатиш дека најдобрата особина во нашиот живот е да се сериозен кон се што правиш за себе си и Твоите сакани. И ќе престанеш да копаш по туѓите судбини, барајќи влакно во јајцето, за да сериозните ги оставиш настрана, а несериозно сериозните ги буткаш-тераш-водиш напред. Сериозниот кој го познаваш не е наивен. Тој е обичен човек како Тебе. Можеби брои зборови и одбира што на Тебе ќе ти каже. Но запрашај се: дали Ти си се поставил така за да и Серизниот се постави така кон Тебе ?

Сакав уште ова: сум сериозен кога треба; сум несериозен и кога треба и кога не треба. Но не сум човек што на зезање ги прифаќа сите работи во секојдневието, заради помодарство, затоа што така правел некој па морам и јас, затоа што Тебе ти одговара да ги прифатам на тој начин. Да, сериозен сум за се што правам пред се заради мене. Ако тоа Ти пречи, мрдни ми се од патот за да не Те отстранам. Знам и тоа да го правам! Ако ми пречиш, ќе Те спречам.

Сериозен сум во бизнисот кој го работам, во моите животни цели. Сериозно работам на својот wellness, и сериозно се посветувам на сите оние кои посакуваат да го достигнат својот wellness. Твојата одлука е само Твој избор: ќе бидеш со мене или не е Твоја одлука. Ако Ти пречам, подобро отпиши ме.

Се најдобро пријатели.

« go backkeep looking »